Топ Вести

КАДЕТИТЕ НА ЗОМИМАК ДЕКЛАСИРАНИ ВО АВТОКОМАНДА

23.11.2014 16:07
_DSC0164_resize

za tekst

Кадетите на Зомимак вчера беа декласирани во Автокоманда, во мечот против врсниците од Металург. Нашите момчиња победија со резултат 35:13 (16:7) и ја забележаа својата шеста победа во исто толку одиграни средби.

Во текот на сите шеесет минути нашите ракометари доминираа на теренот и вршеа вистинска опсада на голот на противникот. Имавме одлична одбрана и ефектен и разновиден напад, за што сведочи фактот дека дури 12 наши ракометари се запишаа во листата на стрелци.

Најмногу постигна Бојан Илиевски, кој забележа 8 гола, а веднаш зад него беше Мице Шилегов, со 6 постигнати гола.

Металург – Зомимак М  35:13 (16:7)

Металург: Обреновиќ, Петковски, Петрески 2, Шулевски 2, Здравковски, Димитриоски 3, Илиевски 8, Стојменов 3, Шилегов 6, Лембанов 1, Танкоски 1, Смилевски 2, Митревски 2, Лазаревски 3, Беќаровски 2 и Гошевски.     Седмерци: 1/2.     Исклучувања: 8 минути.

Зомимак М: Гогов, Наков 1, Р.Стојанов 3, Попов, Анѓелов, Ѓоргиев 1, Тасов 1, Мастев, Сарајлиев, Божиновски, В.Тасев, Терзиев 5, Г.Стојанов, А.Тасев 2, Стојков и Јованов.     Седмерци: 2/5.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Андонов Виктор и Дичоски Бојан од Скопје.

Делегат: Саздовски Владо од Скопје.

Прочитано 834 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 5