Кадетите високо поразени од Унгарија

20.06.2018 20:45
3

Македонската кадетска репрезентација (за ракометари до 18 години) го доживеа и вториот пораз на гостувањето во Унгарија. По вчерашниот пораз против селекцијата на Јужна Кореја, денеска нашите млади ракометари се поразени и на пријателскиот натпревар против врсниците од Унгарија. Македонија загуби со убедливи 34:22 (14:11), во меч во кој нашите ракометари беа рамноправни само во првите 20 минути, се до резултат 9:9. На оваа средба повторно не настапи Мартин Серафимов.

Веќе утре, со почеток во 10 часот, овие две селекции ќе го одиграат и својот втор натпревар, после кој македонската репрезентација ќе замине на турнир во Романија, каде ќе бидат дел од меѓународен турнир, на кој, покрај Македонија, ќе настапат и Романија, Холандија и Италија.

Сите овие средби се дел од подготовките за ЕХФ Шампионатот што во август ќе се игра во Тбилиси во Грузија.

.

Унгарија – Македонија  34:22 (14:11)

Македонија: Солев, Петковски, Василевски, Крстаноски, Гучевски, Џигероски 1, Кондев 1, Ќосески, Божиновски 2, Митиќ 3, Ангелковски, Каковски, Симоновски 2, Ристовски 7, Карапалевски 2, Костески 4, Ѓорѓиев.   Седмерци: 6/7.  Исклучувања: 8 мин.

Прочитано 137 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 9 =