Кадетите загубија од Романија

22.06.2018 19:55
1

Македонската кадетска репрезентација стартуваше со пораз на меѓународниот турнир во Романија. Нашите ракометари до 18 години во градот Клуж денеска загубија од домашната репрезентација, со резултат 21:27 (9:15).

Решавачка беѓе лошата игра во првото полувреме, кое го загубивме со 6 голови разлика. Во вториот дел нашата репрезентација беше рамноправна со својот противник, но немаше сили да се врати од пораз.

Утре, со почеток во 14.00 часот, Македонија ќе игра против Италија, а в недела, со почеток во 08.00 часот, ќе се сретне со Холандија во меч од последното коло. По оваа средба нашата репрезентација ќе се врати дома.

Прочитано 116 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − = 0