Кадетска Србија ја совлада и Македонија “А“

11.12.2019 23:23
mkd-srb

Во финишот од вториот ден на меѓународниот турнир на кадетски репрезентации, што се игра во Автокоманда, репрезентацијата на Србија ја совлада Македонија “А“, со резултат 25:28 (11:14).

Тоа беше рамноправен дуел, кој македонската репрезентација го загуби во самиот финиш на средбата. Првото полувреме мина во надигрување на двете репрезентации, а го загубивме во самиот финиш.

Во вториот дел видовме подобра игра на Македонија, којa резултатот го израмни при 21:21, а потоа долго се играше гол за гол. И во ова второ полувреме ни се случи лоша завршница, која не однесе во пораз.

Со оваа победа Србија најверојатно го обезбеди првото место на турнирот.

Македонија “А“ утре ќе игра со селекцијата на БиХ.

.

Македонија “А“ – Србија   25:28 (11:14)

Македонија “А“: Ацевски, Стојановски, Крствски, Тодески 6, Илиевски 1, Фидановски, Ташевски 2, Грујевски, Ташев 2, Спасовски 4, Мишевски, Ѓорговски 1, Андрески, Атанасијевиќ 3, Стојчевиќ и Ставревски 6.   Седмерци: 4/8.  Исклучувања: 12 мин.

Србија: Мијатовиќ, Зекиќ, Мрџовиќ, Вукадиновиќ 2, Кнежевиќ, Антонијевиќ 1, Ковачевиќ 2, С. Додиќ 6, Цениќ 6, Симиќ 1, Ѓорѓиќ, Станисављевиќ 2, Л. Додиќ 3, Пановски, Предовиќ 5, Тасиќ, Радојичиќ.    Седмерци: 2/3 Исклучувања: 14 мин.

Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола.

Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

Прочитано 454 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 3