Кадетско реми меѓу Македонија и Бугарија

11.10.2019 23:45
mkd-arg-janevska-ilieva-36-696x464

Новата македонска кадетска репрезентација, која в година во Скопје ќе биде домаќин на Европското кадетско првенство – дивизија Б, го одигра својот прв натпревар на турнирот во Бугарија. Се сретнавме со селекцијата на домаќинот, а средбата заврши со израмнети 25:25 (13:15).

Македонија во најголемиот дел од средбата беше во резултатска негатива, но во финишот на натпреварот стекнавме предност од два гола, 25:23. Сепак, средбата заврши со нерешен резултат, но не и без помош на бугарските судијки.

Веќе утре, со почеток во 15 часот, ќе го одиграме и вториот натпревар, а наш следен противник е селекцијата на Романија.

.

Македонија – Бугарија   25:25 (13:15)

Македонија: Ацевски, Тодески 1, Атанасијевиќ 1, Митев 4, Омерагиќ 1, Ташевски 3, Ивановски 6, Илиевски 1, Христовски 1, Ѓорговски 1, Грујовски 1, Ставревски 5, Андрески, Ивановски, Калаџивски и Стојчевиќ.

Прочитано 331 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 4