КАКО 24 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ОБЕЗБЕДИЈА УЧЕСТВО НА СП-2013 ВО ШПАНИЈА

05.01.2013 14:41
1471_Hb2013_ppal_red_400x209

На СП-2013 учествуваат 24 национални селекции од сите континенти. Секоја од нив своето место го обезбеди со учеството на континенталните шампионати и со пласманот на нив или со натамошни бараж-мечеви (9 европски селекции).

Директен пласман обезбедија: домаќинот, актуелниот светски шампион, актуелниот шампион на Океанија и првите три репрезентации од последните шампионати на Европа, на Азија, Африка и на Панамерика. Уште девет места се пополнети со европските бараж-двомечи.

Европа е застапена со 14 селекции, Океанија со една, а Азија, Африка и Панамерика, со по три.

 

Држава Како обезбеди учество Дата  
Шпанија Домаќин 02.10.2010
Франција Светски шампион 30.01.2011
 Tунис Финалист на шампионатот на Африка, 2012 19.01.2012
 Aлжир Финалист на шампионатот на Африка, 2012 19.01.2012
 Eгипет Tрет на шампионатот на Африка, 2012 20.01.2012
Данска Финалист на ЕП-2012 27.01.2012
Србија Финалист на ЕП-2012 27.01.2012
Хрватска Tрета на ЕП-2012 29.01.2012
Ј.Корејa Финалист на шампионатот на Азија, 2012 03.02.2012
Катар Финалист на шампионатот на Азија, 2012 03.02.2012
С.Арабија Tрета на шампионатот на Азија, 2012 05.02.2012
Русија Бараж двомеч со Чешка 16.06.2012
Словенија Бараж двомеч со Португалија 16.06.2012
Црна Гора Бараж двомеч со Шведска 16.06.2012
Унгарија Бараж двомеч со Норвешка 16.06.2012
 Maкедонија Бараж двомеч со Австрија 16.06.2012
Исланд Бараж двомеч со Холандија 16.06.2012
Германија Бараж двомеч со БиХ 17.06.2012
Белорусија Бараж двомеч со Словачка 17.06.2012
Полска Бараж двомеч со Литванија 17.06.2012
 Aвстралија Шампион на Океанија, 2012 23.06.2012
 Aргентина Финалист на шампионатот на Панамерика, 2012 23.06.2012
Бразил Финалист на шампионатот на Панамерика, 2012 23.06.2012
Чиле Tрета на шампионатот на Панамерика, 2012 24.06.2012

Прочитано 332 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 6