КАКО ДА НАБАВИТЕ ФАН ДРЕС НА МЕТАЛУРГ ?

01.03.2012 18:02
fanshopIII

Металург е колектив кој секогаш се стреми да ја подобри комуникацијата со својата навивачка база. Со нашите фанови комуницираме преку можноста да поставуваат директни прашања, да коментираат. Во таа комуникација, за нас е посебно важно нашите симпатизери да имаат можност да се снабдат со производите од нашиот фан шоп.

Металург од пред извесно време воведе можност за порачка на нашиот сајт. Меѓутоа, поради тоа што во моментот не е можно плаќање преку нашиот Веб сајт, оваа можност засега ја суспендираме.

Еве како најлесно можете да дојдете до нашиот фан дрес:

Потребно е да се јавите на телефонскиот број     078/256205   и да го порачате вашиот дрес. По 48 часа вашиот дрес ќе можете да го подигнете во просториите на нашиот клуб, во сала “Автокоманда“, во време меѓу 10.00 и 14.00 часот.

Многу наши фанови побараа можност на дресот да стои нивното име или презиме. Таква можност постои но цената на овој дрес е 700 денари поради единечното штампање. Исто така, за да се порача ваков дрес, од разбирливи причини, претходно мора да се плати истиот. Рокот на испорака на овие дресови е 5 дена.

Прочитано 2.352 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 8