Камперите на Металург започнаа со тренинзи и забава

24.06.2019 16:04
64958170_2561814830496358_1590409665106149376_o

Викендов во хотелот „Десарет“ во Охрид започна 14-то издание на летниот камп на Ракометната академија Металург. Најмладите металурзи се собраа на завршна тренинг-забава, која претставува круна на целогодишното тренирање во школите и натпреварувањето во мини-лигата на Металург.

Отворањето на годинашниот камп го збогати младиот македонски репрезентативец и член на Металург, десниот бек Мартин Серафимов, кој тренираше и асистираше на воведниот тренинг со младите ракометни кампери.

Голема чест за мене е поканата да бидам дел од кампот на Металург. Се потсетив на времето кога и јас бев на местото на овие млади кампери и на тоа колку многу значи доаѓањето на ракометар во тренинг-кампот. Се надевам дека за неколку години и од овие мали ракометари и ракометарки ќе израснат врвни ракометари, кои со радост и гордост ќе се сеќаваат на моментите минати на кампот на Металург, како што јас сега се присетувам на тоа минато време“, ни изјави Мартин Серафимов по тренингот со дечињата.

Дечињата на Металург ќе ги продолжат кампувањето и тренинг-дружбата и во следните денови во друштво на „Цедевита“, „Виталија“, „Македонија осигурување“, „Винер осигурување“, „Субрина професионал“ и сокчињата и ладните чаеви на „Ладна џуси“.

Тања Димитриоска

Прочитано 87 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 4 =