КАСИМ КАМЕНИЦА НОВ ТРЕНЕР НА ЕКИПАТА НА ЛОВЌЕН

29.07.2013 14:46
DSC1853-600x398_resize

za tekst

Според црногорските медиуми, нов тренер на екипата на Ловќен е Касим Каменица. По пет сезони минати на клупата на екипата на Нексе, Касим Каменица ја презема екипа на шампионот на Црна Гора. Инаку, Каменица има искуство со црногорскиот ракомет, бидејки го предводел и националниот тим на оваа земја.

– Остана Каменица да ги среди своите лични работи и да дојде во Цетиње. Со 95 проценти сигурност тој ќе биде новиот тренер на Ловќен – истакна претседателот на клубот, Драган Ражњатовиќ.

Претходно, Ловќен преговараше и со Веселин Вујовиќ, но тој замина на едногодишна печалба во Дубаи.

Во меѓувреме, оставка на местото тренер на екипата поднесе досегашниот тренер, Зоран Абрамовиќ, кој минатата сезона двапати го совлада Нексе (Каменица) и еднаш Вардар (Вујовиќ) во натпреварите од Регионалната лига.

Зоран Абрамовиќ

Зоран Абрамовиќ

Прочитано 391 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 5