Кастратовиќ: Добивме група во која ќе имаме што да кажеме

02.10.2020 12:13
thumbnail_MJI_5948_resize

Металург пред малку ги дозна противниците со кои ќе се соочи во групната фаза од Лига Европа. Иако во оваа фаза нема лесни противници, генерално во Металург сме задоволни од изборот на противниците.

Тренерот Зоран Кастратовиќ е претпазлив, но и убеден дека во оваа група Металург ќе има што да каже.

Генерално, во оваа фаза од натпреварувањето нема слаби екипи и не очекуваат тешки натпревари. Дури четири од шесте екипи во групата, вклучувајќи го и Металург, имаат солидно искуство од настапи во Лигата на шампионите, а на некои од нив веројатно и сега им е местото таму. Сепак, сметам дека имаме противници со кои ќе можеме да се натпреваруваме и ќе имаме што да кажеме на тие средби. Многу е важно сега да го искористиме времето и да ја подигнеме формата. Мислам дека ќе успееме во тоа и ќе се претставиме во многу подобро издание од досегашното“.

Прочитано 518 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 12