Кастратовиќ: Поразот со 5 голови разлика не ја дава реалната слика од натпреварот

16.11.2019 23:56
zoran-kastratovic_resize

Тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ, не го крие разочарувањето од конечниот исход на средбата со Горење и смета дека резултатот не ја дава реалната слика од средбата.

Да бидам искрен, резултатот не е реален, бидејќи не бевме надиграни за да се најдеме во ваква негатива. Одигравме одлично прво полувреме, во кое целосно ги неутрализиравме нивните главни оружја. За жал, голем дел од нашите играчи се истрошија и тие веќе не можеа да го издржат темпото во вториот дел. Во второто полувреме имавме и избрзани шутеви и промашени пенали, а исто така и недоволно брзо се враќавме во одбраната за да ги запреме нивните контранапади.

Факт е дека работиме вредно на тренинзите, први сме во Суперлигата, но кога ќе дојде еден ваков меч станува јасно дека нивото на домашната сцена е далеку под она во европските натпреварувања. Екипата како да не беше навикната, ни недостигаше цврстина во дуелите, факт е дека моите играчи мораат да разберат дека мораат да се натпреваруваат, да играат за да победат, а не само да настапуваат.

Како што реков, денешниот меч покажа дека тие не беа подобри од нас како што можеби и самите очекуваа. Имавме промашени зицери, три нереализирани пенали… не гледам зошто работата не би се свртела во наша полза на реваншот. Можам да кажам дека ќе работиме напорно во следниот период и ќе сториме се за да бидеме уште подобри на реваншот, гледам простор за напредок, но и верувам дека со максимално залагање можеме да стигнеме до она што го посакуваме, место во групите на Купот на ЕХФ“, вели Кастратовиќ.

Прочитано 292 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 4