Кастратовиќ: Проблемите во одбраната и загубените топки беа решавачки за поразот во овој меч

20.10.2020 21:48
Capture1_resize

На редовната прес-конференција по средбата, своето видување на текот на натпреварот го даде нашиот тренер Зоран Кастратовиќ, кој причините за поразот ги лоцираше во лошата одбрана и големиот број на загубени топки.

Најпрво сакам да му честитам на противникот за победата. Ние овде дојдовме по добар резултат, но не успаевме во тоа поради лошата концентрација во одбраната во одредени моменти. Имавме проблеми во одбраната, загубивме многу топки, не успеаевме да ја сопреме нивната транзиција. Нашата одбрана 6-0 денеска не беше добра како на претходните натпревари. Исто така, би сакал да му честитам на мојот тим за енергијата на овој меч, кој, за жал, го загубивме. Сепак, имаме уште девет натпревари во Лигата Европа и можност да играме подобро и да оствариме некоја победа“, изјави Кастратовиќ.

 

Прочитано 170 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 8 =