Кастратовиќ: Секоја екипа што доаѓа од Хрватска е противник кој не смее да се потцени

28.07.2020 12:20
DAR_4982_resize

Металург генерално е задоволен од противникот што ни го одреди денешната ждрепка за првото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Но искусниот стратег на Металург, Зоран Кастратовиќ, смета дека не смее да се потцени ниту една екипа што доаѓа од Хрватска, актуелниот европски вицешампион.

Се работи за една полудиригирана ждрепка, па можеше и да се предвиди кој би можел да биде нашиот противник. Се работи за екипата на Спачва од Винковци, која доаѓа од Хрватска, а тоа е земја која е актуелен вицешампион на Европа. Затоа не смееме да го потцениме противникот и нема да се опуштиме. Засега немаме квалитетни информации за нашиот ривал, но ќе се обидеме што е можно побрзо да успееме да дојдеме до нив.

Средбата со Спачва ќе ни биде првиот официјален натпревар во новата сезона. Сосема извесно е дека сакаме да влеземе добро во сезоната, но сакаме во следниот петнеделен период и да оформиме игра по која Металург ќе биде препознатлив. Наша примарна цел е настап во групната фаза на Лига Европа“, изјави Зоран Кастратовиќ.

Прочитано 309 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 0