Кастратовиќ: Тулуз има квалитетен тим и брза транзиција како најсилно оружје

17.10.2020 12:42
thumbnail_MJI_5948_resize

Самиот факт дека ќе играме против екипа од францускиот шампионат доволно зборува за квалитетот на нашиот прв противник во Лигата на Европа. Во изминатите дваесетина дена ги анализиравме нивната офанзивна игра и формациската поставеност во одбраната и сметам дека имаме доволно информации за да подготвиме соодветна противигра со која би ги изненадиле и би стигнале до победа и први бодови сезонава“, вели тренерот на ракометарите на Металург, Зоран Кастратовиќ, пред гостувањето во вторник кај Тулуз.

Металург со тој дуел ќе ја почне европската сезона во групната фаза на Лигата на Европа, каде што во групата А, во која се и Чеховски Медведи, Адемар Леон, Висла и Фиверс, ќе игра за едно од првите четири места на табелата, кои носат пласман во осминафиналето.

Тулуз има квалитетна и искусна екипа, која на сите позиции е покриена со одлични ракометари, на кои брзата транзиција им е најсилно оружје. Затоа, од првата минута на мечот ќе мораме да влеземе максимално борбено во одбраната и концентрирано во нападот, со единствена цел градење квалитетна и сигурна игра во која техничките грешки ќе бидат сведени на минимум, за да не му се дозволи на противникот да постигнува лесни голови, туку ние да бидеме тие што ќе го диктираат темпото на игра“, вели Кастратовиќ.

Натпреварот меѓу Тулуз и Металург ќе се игра во вторник, на 20 октомври, со почеток во 20.45 часот.

Тања Димитриоска, “Нова Македонија“.

Прочитано 236 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 10