Кастратовиќ: Верувам во мојот тим

24.09.2020 12:41
thumbnail_MJI_5948_resize

Металург го доби првиот натпревар со екипата на Криенс, од второто квалификациско коло на Лига Европа. Победивме со два гола разлика и со таа предност ќе патуваме во Цирих, каде претстојниот вторник ќе се одигра реванш средбата меѓу овие две екипи.

Верувам во мојот тим и знам дека момците можат да одиграат многу подобро отколку што одиграа во првиот натпревар. Свесни бевме дека патникот за Лигата на Европа ќе се решава во Швајцарија.

Требаше поефективно да ја искористиме нашата добра игра во одбраната и да акумулираме поголема предност по првите 30 минути. Имавме голем број неизнудени технички грешки, кои противникот ефектно ги искористи и не дозволи да го ставиме во подредена улога. Генерално, задоволен сум од одиграното, пред сѐ во одбраната, бидејќи Кринс тактички не нѐ изненади во ниеден момент. Она што ми пречеше во овој меч е малиот број упатени шутеви од бековските позиции и тоа ќе мора да го промениме за реванш-дуелот. Верувам во овие момци и се надевам дека овие два гола ќе ги одржат будни, фокусирани и на ниво во реваншот, бидејќи пласманот во групната фаза го издигнува Металург како клуб на европско ниво, а ќе значи и нивна афирмација и презентација како играчи, кои преку мечевите во Лигата на Европа ќе можат на голема сцена да ги демонстрираат своите квалитети и можности“, вели стратегот на Металург Зоран Кастратовиќ.

Прочитано 322 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 7 =