Кастратовиќ: Во Стара Пазова ќе работиме на подобрување и корекција во техничко-тактичкиот дел од играта

17.02.2020 14:28
DAR_4147_resize_resize

Ракометарите на Металург денеска почнаа со реализирање на третата и завршна фаза од подготовките за продолжување на сезоната во домашното првенство и Купот на Македонија.

Финалните корекции во техничко-тактички дел од играта, Металург ќе ги одработи во Стара Пазова (од 17 до 22 февруари), каде што, покрај тренинзите, избраниците на тренерот Зоран Кастратовиќ ќе одиграат и два пријателски дуела со српскиот првак Војводина (18 февруари) и хрватскиот вицепрвак Нексе (20 февруари).

Во изминативе три седмици, откако се вративме од Франција, па досега, работевме на подигање и подобрување на физичката подготвеност на играчите и можам да кажам дека сум презадоволен од нивната посветеност и дисциплина со која ги одработија тренинзите. Во следните шест дена во Стара Пазова ќе работиме на подобрување и корекција во техничко-тактичкиот дел од играта за максимално подготвени да ги дочекаме натпреварите од продолжението на сезоната, како и во Купот на Македонија. Во рамките на завршните подготовки ќе одиграме и две контролни средби со Војводина и со Нексе, кои, пак, ќе ни помогнат во детектирањето и отстранувањето на ситните недостатоци во играта“, вели тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ.

Според календарот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), продолжението од сезоната во домашното првенство е предвидено за 1 март, така што во мечот од 15-то коло, ракометарите од Автокоманда ќе ѝ гостуваат на Струга.

Металург ја има улогата на лидер на табелата со 38 бода, со 12 победи и две реми-средби во есенскиот дел.

Прочитано 209 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − = 2