Катастрофа на младинците на Бутел во Автокоманда

03.11.2018 16:56
_DSC0048_resize

Младинците на Металург 2 во својот трет натпревар ја извојуваа третата победа и се најдоа осамени на самиот врв на првенствената табела во групата 2. Денеска во Автокоманда го совладавме второпласираниот Бутел, со катастрофални 44:21 (20:14).

Иако нашиот тим имаше фаворитска улога, никој не очекуваше таков дебакл на Бутел. Уште повеќе, ако нашите младинци сите 60 минути ги одиграа со целосна сериозност, разликата ќе беше и многу поголема.

Металург 2 рано го реши овој натпревар, бидејќи поведе со 4:0, а во осмата минута имаше и цели +6, 7:1. Кон средината на првото полувреме Бутел успеа да намали на три гола, но тоа беше и се од противничкиот отпор. Првото полувреме заврши со резултат 20:14.

Во вториот дел гостите доживеаа целосен дебакл. Ова полувреме го добивме со резултат 24:7, а најдобар противнички играч беше голманот, кој со низа интервенции спречи уште поголема катастрофа. Се почувствува дека ракометарите на Бутел се исцрпени, па нашите играчи најголемиот број голови ги постигнаа од брзи контранапади реализирани во два потега.

.

РК Металург 2 – РК Бутел Скопје  44:21 (20:14)

РК Металург: Божиновски, Михајлов 7, Кондев 5, Меловски 4, Кофиловски 5, Гошевски 1, Митиќ 2, Лембанов 1, Ристовски 4, Л.Додиќ 6, С.Додиќ 5, Гајиќ 4, Мијатовиќ и Младеновиќ.   Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 8 минути.

РК Бутел Скопје: Мајсторовски, Ангелов, Алију, Грозданов, Јавовски, Стоилковски 1, Стојановски 2, Олтовски 8, Бојковски 1, Стојковиќ, Танев 1, Миланов 3, Чакалиќ 2, Георгиевски, Апостолски и Јовановски.    Седмерци: 4/7.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Огњановски Марко и Савиќ Дамјан од Скопје.

Делегат: Ѓоргиевски Митко од Скопје.

Прочитано 450 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 7