Катастрофа на младинците на Вардар Јуниор во Автокоманда

15.03.2018 22:46
_DSC0061_resize

Во Автокоманда се одигра средба од седмото коло на машката младинска лига на Македонија, група 2, во кој младинците на Металург 2 му нанесоа катастрофален пораз на тимот на Вардар Јуниор. Победивме со резултат 39:26 (18:15), во меч во кој во ниту еден момент немаше дилема која е подобрата екипа.

Младинците на Металург 2 водеа во текот на сите 60 минути, а три израмнувања на резултатот во почетната фаза е единствениот успех на гостинската екипа.

Сепак, првото полувреме мина во колку толку рамноправна игра, па по првите 30 минути Металург 2 имаше предност од само 3 гола, 18:15.

Вистинската катастрофа на Вардар Јуниор му се случи во вториот дел од оваа интересна средба. Металург 2 го засили темпото, а противникот тоа не можеше да го следи, па разликата од +10 гола, само во второто полувреме, е сосема реален одраз на тоа што се случуваше на теренот.

.

РК Металург 2 – РК Вардар Јуниор  39:26 (18:15)

РК Металург: Петковски, Тодоров 2, Смилевски 5, Гајиќ 3, Костески 3, Младеновиќ 5, Кофилоски, Л.Додиќ 1, Гошевски 4, Кондев 9, Лембанов, Ристовски 1, Василевски, С.Додиќ 2, Трајковски 3 и Божиновски 1.   Седмерци: 2/2.  Исклучувања: 8 мин.

РК Вардар Јуниор: Василевски, Игнов 3, Стојчевски 1, Антевски 2, Симевски 5, Нанов, Чупетрески 3, Јаховиќ 5, Талески, Динев 1, Чакалиќ 1, Блажевски, Стојановски, Вељановски и Илиевски 5.  Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 14 мин.

Судии: Дичоски Бојан и Василевски Ѓорѓи од Скопје.

Делегат: Куртовиќ Цано од Скопје.

Прочитано 751 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 7