КАТАСТРОФА НА ПЕЛИСТЕР 08

03.05.2012 23:14
DSC_0078_resize

Во вториот натпревар одигран меѓу истите противници Металург катастрофално го порази Пелистер. Резултатот од средбата е 16:40, полувреме 8:19.

Според претходниот договор екипите на Металург и Пелистер денес одиграа две средби, од 3-тото и 8-то коло од македонскиот плеј оф.

За разлика од првиот натпревар кој се одигра денес во 11.00 часот и во кој Металург победата ја оствари во втората половина од второто полувреме, овој попладневниот помина во целосна доминација на нашиот клуб во текот на целата средба. Металург рано оствари високо водство и се до крајот постојано ја зголемуваше. На полувреме заминавме со предност од 11 гола, за да на крајот ја зголемиме на цели 24.

РК Пелистер 08 – РК Металург  16:40 (8:19)

РК Пелистер 08: Нечков, Костовски, Ристовски, Бошевски 3, Димитровски, Везенковски, Чурлевски 2, Станимировиќ, Дрогришки 2, Николовски 1, Митревски, Талевски 5, Тосковски, Чантурија, Божиновски и Недановски 3.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 2 минути.

РК Металург: Станиќ, Ангелов, Митревски, Левов 5, Димовски, Маџовски 4, Марковиќ 3, Наумовски 1, Георгиевски 6, Козлина 1, Манасков 6, З.Мојсоски 2, Н.Мојсовски 2, Стоилов 5, Стојчевски 2 и Алушовски 3.      Седмерци: 5/6.      Исклучувања: 6 минути.

Судии: Георгиевски Дејан и Белимов Ерик од Скопје.

Делегат: Начевски Драган од Скопје.

Фотогалерија:

Прочитано 429 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 1