Катастрофален пораз на младинците на Преспа

21.11.2019 00:43
DAR_8563_resize

Во петтото коло на младинската лига на Македонија, група 1, во Автокоманда се сретнаа екипите на Преспа и на Металург 2. Иако се играше во Автокоманда, улогата на домаќин ја имаа ракометарите на Преспа, кои доживеаа катастрофален пораз, со резултат 11:49 (6:26).

Мора да се каже дека екипата на Преспа средбата ја одигра со само седум ракометари, но тоа не е причината за високиот пораз, бидејќи Металург 2 беше многу поквалитетен.

Победата е извојувана уште во првото полувреме, кое го добивме со резултат 6:26, така да вториот дел беше чиста формалност.

Ова е петта победа на младинците на Металург 2 во исто толку натпревари, а во следното коло нашите младинци во Автокоманда ќе се сретнеме со екипата на Радовиш.

.

РК Преспа – РК Металург 2  11:49 (6:26)

РК Преспа: Христовски, Ивановски, Бабановски, Арсовски, Божиновски, Тасевски и Милошевски.    Седмерци: 1/4.    Исклучувања: 6 минути.

РК Металург 2: Ацевски, Божиновски, Михајлов, Фидановски, Мелоски, Кофилоски, Ефтимов, Митиќ, Мирчевски, Георгиевски, Гајиќ и Додиќ.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 12 минути.

Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје.

Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

Прочитано 558 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 6