Кил е освојувач на ЕХФ Купот

19.05.2019 01:51
60531920_10158452943376102_9201494968097570816_o_resize

Екипата на Кил го искористи својот паркет и во големото финале на второто по ранг европско ракометно натпреварување го совлада бранителот на титулата Фуксе Берлин.

Кил славеше со резултат 26:22, а до победата стигна по одличната игра во првото полувреме што го доби со убедливи 16:10.

Во мечот за третото место, екипата на Порто го совлада тимот на Холстебро, со резултат 28:26 (14:16)

До крајот на европските клупски натпреварувања остана да се одигра фајналфорот во главното европско натпреварување – Лигата на шампионите. Овој фајналфор се игра на 1 и на 2 јуни.

Прочитано 232 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 6 =