- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 7 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 7 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 7 months
Кире Лазаров и официјално е новиот селектор на македонската репрезентација

На вчерашниот состанок на Управниот Одбор на РФМ, донесена е одлуката Кире Лазаров да биде новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија. Одлуката ја соопшти претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, на денешната онлајн прес-конференција, кој потврди дека е пресреќен за договорот, најавувајќи го Кире Лазаров како нов предводник со договор од пет години.
“Денес имам посебната чест и привилегија да кажам една вест што е многу важна за понатамошниот развој на македонскиот ракомет. На вчерашниот состанок на Управниот одбор на РФМ донесовме одлука за нов селектор на машката репрезентација да го избереме апсолутно најголемиот спортист во историјата на Македонија, Кирил Лазаров.
Се договоривме со Кире тој да биде нов селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа тој ќе добие четиригодишен договор како селектор. За мене е чест и привилиегија да ви ја соопштам оваа вест, бидејќи ова е голем ден за македонскиот ракомет. Пресреќен сум што заедно со Лазаров ќе ги биеме битките за македонскиот ракомет“, рече Мукаетов.
Лазаров доаѓа на местото на Данило Брестовац, кој ја загуби својата позиција по СП во Египет.