Комплетни денешни резултати од кадетското СП во Скопје

15.08.2019 22:32
Argentina-MKD-15.08.2019-WCH-U19-0891_resize

На кадетското СП во Скопје денеска се одиграни сите четврт-финални натпревари и средбите за пласман од 9 до 24 места. Македонија ја совлада Аргентина и и се реваншира за поразот во групната фаза. Со оваа победа нашата репрезентација своето прво учество на едно кадетско СП го заврши на 13-тото место.

Денешниот ден донесе неколку неочекувани резултати, а два од нив одат во прилог на претходните резултати на нашата репрезентација. Па, така, Јапонија, која убедливо не совлада во последното коло од групната фаза, денеска ја совлада и моќната Хрватска, додека нашиот вчерашен противник, Португалија, го елиминира двократниот светски шампион – Франција.

.

Резултати:

09.30 ч. (натпревар за 23 место):  Канада – Нигерија   31:37 (17:19)

11.45 ч. (натпревар за 21 место):  Чиле – Бразил   22:30 (13:14)

09.30 ч. (натпревар за 19 место):  Саудиска Арабија – Србија   23:28 (14:12)

11.45 ч. (натпревар за 17 место):  Тајван – Бахреин   22:26 (12:11)

14.00 ч. (натпревар за 15 место):  Словенија – Тунис   34:23 (20:11)

16.15 ч. (натпревар за 13 место):  Аргентина – Македонија   26:29 (8:15)

14.00 ч. (натпревар за 11 место):  Норвешка – Шведска   24:30 (13:16)

16.15 ч. (натпревар за 9 место):  Хрватска – Јапонија   35:36 p. (30:30, 15:18)

Четврт-финале:

18.30 ч.:  Египет – Исланд   35:31 (21:14)

18.30 ч.:  Унгарија – Германија   26:16 (14:7)

20.45 ч.:  Франција – Португалија   26:31 (10:14)

20.45 ч.:  Шпанија – Данска   19:23 (10:9)

Прочитано 154 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 8 =