Комплетни денешни резултати од Лигата на шампионите

02.12.2018 00:24
1780254_10152908930593666_1142589080112651628_o_resize

Денеска се одиграни седум натпревари од десетото коло на групната фаза на Лигата на шампионите, последно за 2018 година и воопшто последно за групите “Ц“ и “Д“.

Металург одигра солиден натпревар и беше конкурентен во 40. минути од средбата со Татран Прешов, но не издржа до крајот и забележа пораз. Во нашата група се одигра и средбата меѓу Бешикташ и Чеховски Медведи во која славеа гостите од Русија.

На останатите средби се постигнати очекуваните резултати. Вардар го совлада тимот на Киелце и годината ќе ја заврши на втората позиција, веднаш зад недостижната Барселона. Р.Н.Левен, пак, забележа гостинска победа против Кристијанштад. ПСЖ немаше проблем во мечот со Скјерн, а ППД Загреб забележа важна победа против Мотор Запорожје. Единствениот нерешен резултат е постигнат на средбата меѓу Адемар Леон и Елверум, во рамките на групата “Д“.

.

Резултати:

01.12.2018 г., 16.00 ч.:  Бешикташ – Чеховски Медведи   (Ц)   27:30 (17:17)

01.12.2018 г., 17.00 ч.:  ППД Загреб – Мотор Запорожје   (Б)   27:25 (14:11)

01.12.2018 г., 17.30 ч.:  ПСЖ – Скјерн   (Б)   38:28 (19:13)

01.12.2018 г., 17.30 ч.:  Вардар – Киелце   (А)   28:27 (14:11)

01.12.2018 г., 18.30 ч.:  Кристијанштад – Р.Н.Левен   (А)   27:32 (13:18)

01.12.2018 г., 19.30 ч.:  Татран Прешов – Металург   (Ц)   30:24 (15:13)

01.12.2018 г., 20.00 ч.:   Адемар Леон – Елверум   (Д)   24:24 (14:13)

Претходно играа:

28.11.2018 г., 18.15 ч.:  Кокс – Висла Плоцк  27:26 (10:15)   (Д)

28.11.2018 г., 19.00 ч.:  Фленсбург – Пик Сегед  27:25 (14:14)   (Б)

29.12.2018 г., 20.00 ч.:  Вакер Тун – Динамо Букурешт  29:33 (13:14)   (Д)

Утре ќе играат:

02.12.2018 г., 16.30 ч.:  Барселона – Мешков Брест   (А)

02.12.2018 г., 16.50 ч.:  Силкеборг – Спортинг Лисабон   (Ц)

02.12.2018 г., 17.00 ч.:  Цеље ПЛ – Нант   (Б)

02.12.2018 г., 19.00 ч.:  Веспрем – Монпелје   (А)

Прочитано 244 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 8 =