Комплетни резултати на 17. коло на СЕХА-лигата. Табела

14.03.2018 22:23
seha

Вчера и денеска е одиграно 17. коло на СЕХА-лигата, кое е претпоследно од регуларниот дел на тековната сезона. Металург за жал одигра лош натпревар во Прешов и го забележа десетиот сезонски пораз во ова натпреварување. Вардар, пак, против Нексе ја забележа својата 17-та победа и сезоната ја заврши со рекордни за лигата 52 бода. Мешков Брест забележа домашен пораз против Горење Велење, додека Цеље домашна победа против Војводина. Средбата меѓу Динамо Панчево и ППД Загреб е единствена што заврши со поделба на бодовите.

.

Резултати:

13.03.2018 г., 17.45 ч.:  Вардар – Нексе  29:25 (11:12)

13.03.2018 г., 18.00 ч.:  Мешков Брест – Горење Велење  32:33 (20:17)

13.03.2018 г., 19.30 ч.:  Цеље ПЛ – Војводина  36:27 (20:17)

14.03.2018 г., 18.00 ч.:  Татран Прешов – Металург  27:19 (12:8)

14.03.2018 г., 20.00 ч.:  Динамо Панчево – ППД Загреб  28:28 (14:14)

.

Табела:

      Поб. Нер. Пор. Бод
1. Вардар 17 1 0 52
2. Цеље ПЛ 11 2 4 35
3. ППД Загреб 11 2 4 35
4. Мешков Брест 10 1 6 31
5. Горење Велење 8 3 6 27
6. Татран Прешов 6 4 7 22
7. Металург 6 1 10 19
8. Нексе 1 6 10 9
9. Динамо Панчево 2 3 12 9
10. Војводина 2 1 15 7
Прочитано 191 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 0