Комплетни резултати од денешните средби во Лигата на шампионите

06.10.2018 22:03
13483386_10153838190478666_1771712251062790540_o_resize-610x4061-610x406-610x406

Денеска во Лигата на шампионите се одиграни дури 10 средби од четвртото коло.

Две средби се одиграни во рамките на групата “Ц“, во која се натпреварува Металург. Во Прешов се случи изненадување – водечкиот Татран загуби од екипата на Чеховски Медведи, исто како на домашен терен загуби и Бешикташ од Спортинг Лисабон.

Од резултатите во другите групи за одбележување е новата победа на Вардар, кој во Скопје го совлада тимот на Р.Н.Левен.

Монпелје го доживеа и четвртиот едноподруго пораз, додека Висла Плоцк го запиша својот прв неуспех. Киелце го совлада Кристијанштад, Веспрем беше подобар од Мешков Брест, Пик Сегед забележа победа против Цеље, а ПСЖ за еден гол беше подобар од Нант. Елверум, пак, запиша гостинска победа против Вакер Тун.

.

Резултати:

06.10.2018 г., 16.00 ч.:  Киелце – Кристијанштад  (А)   33:31 (17:12)

06.10.2018 г., 16.00 ч.:  Барселона – Монпелје  (А)   35:27 (18:13)

06.10.2018 г., 16.00 ч.:  Мешков Брест – Веспрем  (А)   28:29 (16:15)

06.10.2018 г., 16.00 ч.:  Бешикташ – Спортинг Лисабон  (Ц)   27:33 (15:18)

06.10.2018 г., 17.30 ч.:  Вардар – Р.Н.Левен  (А)   29:27 (13:15)

06.10.2018 г., 17.30 ч.:  Пик Сегед – Цеље ПЛ  (Б)   33:24 (18:8)

06.10.2018 г., 17.30 ч.:  ПСЖ – Нант  (Б)   35:34 (19:16)

06.10.2018 г., 17.30 ч.:  Вакер Тун – Елверум  (Д)   29:30 (16:13)

06.10.2018 г., 18.00 ч.:  Татран Прешов – Чеховски Медведи  (Ц)   27:28 (13:13)

06.10.2018 г., 19.30 ч.:  Адемар Леон – Висла Плоцк  (Д)   27:24 (15:9)

Во четвртокот беа одиграни две средби:

03.10.2018 г., 18.15 ч.:  Кокс – Динамо Букурешт  (Д)  31:32 (17:15)

03.10.2018 г., 19.00 ч.:  Фленсбург – Мотор Запорожје  (Б)  31:24 (13:11)

Утре ќе се одиграат и последните две средби од ова четврто коло:

07.10.2018 г., 15.10 ч.:  Силкеборг – Металург  (Ц)

07.10.2018 г., 16.50 ч.:  Скјерн – ППД Загреб  (Б)

Прочитано 200 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 1 =