Комплетни резултати од првите натпревари во 2. квалификациско коло на Лига Европа

23.09.2020 00:57
DAR_7980_resize

Денеска се одиграни сите први натпревари од второто квалификациско коло на Лига Европа. Екипата на Металург, по голема борба, успеа да го совлада својот противник и на реванш средбата во Цирих ќе замине со предност од два гола.

Карактеристика на денешни средби се израмнетите борби и малите предности на еден од тимовите, освен на средбите меѓу ГОГ и Винтертур и меѓу Холстебро и РНЛ, каде ГОГ и РНЛ најверојатно уште на првите мечеви го решија конечниот победник.

.

Резултати:

18.45 часот:   Азоти Пулави – Кристијанштад  24:25 (12:11)

18.45 часот:   Силкеборг – ЦСКА Москва  26:23 (12:12)

18.45 часот:   Констанца – Спортинг Лисабон  27:27 (14:16)

18.45 часот:   Ѓунѓеш – Фуксе Берлин  23:25 (9:12)

18.45 часот:   ГОГ – Винтертур  33:24 (15:12)

18.45 часот:   Холстебро – РНЛ  22:28 (9:13)

18.45 часот:   Скјерн – Монпеље  31:30 (14:11)

20.15 часот:   Бидасоа Ирун – Нексе  30:27 (14:14)

20.45 часот:   Металург – Криенс Луцерн  26:24 (14:13)

20.45 часот:   Потаиса Турда – Феникс Тулуз  35:35 (15:17)

20.45 часот:   Бенидорм – Фиверс  34:31 (17:15)

Екипите на Тримо Требиње и на Балатонфуред ќе одиграат само еден натпревар и тоа на 29 септември во Словенија.

Прочитано 164 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 1 =