Топ Вести

Комплетни резултати од првото коло на СП во Германија и во Данска

12.01.2019 00:57
50571611_2024302617618005_6687560565759410176_n_resize

Денеска се одиграни десет средби со кои е комплетирано првото коло на СП во Германија и во Данска. Во за нас најважната, Македонија ја декласира селекцијата на Јапонија. Во преостанатите две средби од нашата група, Хрватска со титански напор го совлада Исланд, додека Шпанија беше убедлива против Бахреин.

На СП се случија и првите изненадувања. Анонимната Ангола го совлада Катар, додека Аргентина извлече бод против Унгарија.

Во преостанатите средби, Франција виде мака против Бразил, Србија и Русија ги поделија бодовите, Австрија беше подобра од Саудиска Арабија, Норвешка го декласира Тунис, додека Шведска малку потешко од очекуваното славеше против Египет.

.

Комплетни резултати:

Група “А“:

10 јануари, 18.15 часот:  Германија – Кореја   30:19 (17:10)

11 јануари, 18.00 часот:  Србија – Русија   30:30 (16:16)

11 јануари, 20.30 часот:  Бразил – Франција   22:24 (13:16)

 

а_resize

 

Група “Б“:

11 јануари, 15.30 часот:  Јапонија – Македонија   29:38 (13:18)

10 јануари, 18.00 часот:  Исланд – Хрватска   27:31 (14:16)

10 јануари, 20.30 часот:  Бахреин – Шпанија   23:33 (11:16)

 

б_resize

 

Група “Ц“:

10 јануари, 20.15 часот:  Чиле – Данска   16:39 (4:22)

11 јануари, 18.00 часот:  Саудиска Арабија – Австрија   22:29 (9:15)

11 јануари, 20.30 часот:  Тунис – Норвешка   24:34 (13:18)

 

ц_resize

 

Група “Д“:

11 јануари, 15.30 часот:  Ангола – Катар   24:23 (12:8)

11 јануари, 18.00 часот:  Аргентина – Унгарија   25:25 (10:13)

11 јануари, 20.30 часот:  Египет – Шведска   24:27 (11:13)

 

д_resize

Прочитано 588 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 8 =