Комплетни резултати од реванш средбите од првото квалификациско коло во Лига Европа

06.09.2020 23:47
ehfel_meta-image1200x1200-002

Вчера и денеска се одиграни реванш средбите од првото квалификациско коло на Лига Европа.

Да потсетиме, скопски Бутел уште минатата недела ги одигра двете средби со унгарски Ѓенѓеш на теренот на противникот и е елиминиран со вкупен резултат 46:58.

Неколку дуели, поради проблемите со корона-пандемијата, завршија со службени победи на Холстебро, Азоти Пулави и на Кристијанштад, додека победникот меѓу екипите на Екс Ан Прованс и на Бидасоа Ирун е решен по само една средба, што вчера се одигра во Ирун (Шпанија). Само еден меч, денеска, одиграа и екипите на Винтертур и на Хандбал Еш, кои играа на неутрален терен во Касел (Германија).

.

Резултати:

Малме – Скјерн  25:26 (13:14)   првата средба заврши со резултат 26:27, па понатаму оди екипата на Скјерн

Горица – Потаиса Турда  27:32 (11:18)    првата средба заврши со резултат 26:24, па понатаму оди екипата на Потаиса Турда

Тримо Требиње – Белененсес  28:26 (14:11)    првата средба заврши со резултат 28:23, па понатаму оди екипата на Тримо

Дубрава – Криенс  19:28 (8:12)    првата средба заврши со резултат 29:27, па понатаму оди екипата на Криенс

Спачва – Металург  29:25 (14:14)    првата средба заврши со резултат 28:35, па понатаму оди екипата на Металург

Фиверс – Бенфика  38:34 (18:13)    првата средба заврши со резултат 26:28, па понатаму оди екипата на Фиверс

Виктор – Констанца  27:28 (11:13)    првата средба заврши со резултат 18:26, па понатаму оди екипата на Констанца

ЦСКА – СКА Минска  31:25 (14:11)    првата средба заврши со резултат 25:25, па понатаму оди екипата на ЦСКА

Мелсунген – Силкеборг  24:26 (12:16)    првата средба заврши со резултат 27:31, па понатаму оди екипата на Силкеборг

Бидасоа Ирун – Екс Ан Прованс  30:25 (14:13)    понатаму оди екипата на Бидасоа Ирун

Винтертур – Хандбал Еш  33:30 (16:13)    понатаму оди екипата на Винтертур

.

Значи, пласман во второто квалификациско коло на Лига Европа обезбедија екипите на: Металург (МКД), Ѓенѓеш (Унг),  Холстебро (Дан), Азоти Пулави (Пол), Кристијанштад (Шве), Скјерн (Дан), Потаиса Турда (Ром), Тримо Требиње (Сло), Криенс (Шва), Фиверс (Аус), Констанца (Ром), ЦСКА (Рус), Силкеборг (Дан), Бидасоа Ирун (Шпа) и Винтертур (Шва). На овие екипи во второто квалификациско коло ќе им се приклучат и екипите на Нексе (Хрв), ГОГ (Дан), Бенидорм (Шпа), Тулуз (Фра), Монпеље (Фра), Берлин (Гер), РНЛ (Гер), Балатон (Унг) и Спортинг (Пор). Овие 24 екипи ќе формираат 12 двојќи, а победниците од овие дуели ќе обезбедат настап во групната фаза на Лига Европа.

Ждрепката за второто коло ќе се одржи во вторник.

Прочитано 116 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 2