Топ Вести

Комплетни резултати од возвратните четврт-финални натпревари во Лигата на шампионите

05.05.2019 21:17
EHF-640x360_resize.png

Со денешните две средби, заврши четврт-финалната фаза во Лигата на шампионите.

Вардар и Киелце имаа тешки моменти на гостувањата кај Пик Сегед и ПСЖ, на моменти губеа со разлика еднаква или повисока од таа остварена дома, но кога требаше – покажаа сила, покажаа квалитет и обезбедија настап на фајналфорот во Келн.

На крајот се потврдија впечатоците од првите натпревари – екипите од групата “А“ ги декласираа своите противници од другата група и за првпат во историјата на Лигата на шампионите сите четири учесници на фајналфорот ќе дојдат од една група од групната фаза.

.

Резултати:

04.05.2019 г., 17.30 часот:  Веспрем – Фленсбург  29:25 (17:13)

Прв натпревар:  28:22 (15:15)        Вкупно:  57:47

04.05.2019 г., 19.30 часот:  Барселона – Нант  29:26 (17:14)

Прв натпревар:  32:25 (16:12)        Вкупно:  61:51

05.05.2019 г., 17.00 часот:  ПСЖ – Киелце  35:26 (18:11)

Прв натпревар:  24:34 (11:16)          Вкупно:  59:60

05.05.2019 г., 19.00 часот:  Пик Сегед – Вардар  29:25 (17:9)

Прв натпревар:  23:31 (12:14)          Вкупно:  52:56

Во Келн ќе настапат екипите на Вардар, Киелце, Барселона и на Веспрем.

Прочитано 222 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 6 =