Топ Вести

КОНЕЧНО, ПРВА РАДОСТ

22.11.2014 22:40
GIL_1915_resize

za tekst

Металург вети, Металург исполни.

Во исклучително тешка и драматична средба, нашите ракометари извојуваа победа, која им ја посветија на своите навивачи. Иако салата не беше исполнета до последното место, присутните задоволни заминаа од СЦ “Борис Трајковски“, бидејки беа сведоци на бескомпромисна битка во која победи волјата и инаетот на нашите ракометари, кои се бореа за честа на клубот, кој во последно време преживеа многу тешки моменти.

Тешко беше вечерва во СЦ “Борис Трајковски“. Беше тешко и до крај неизвесно. На моменти се чинеше дека Металург брзо ќе ја надополни потребната разлика, но имаше и моменти кога навистина се плашевме за конечниот исход од средбата. Шпанците се покажаа како цврст орев за малата чета на Металург и резултатски постојано беа или малку зад нас или малку пред нас.

Во првото полувреме ние бевме почесто во водство, на моменти и со три гола разлика, но гостите постојано наоѓаа начин да се вратат во игра, па и да поведат. На пет минути до крајот на првото полувреме Ла Риоха водеше со 13:14, а на одмор заминавме со негатива од еден гол, 15:16.

Драмата продолжи и во вториот дел од натпреварот. Ракометарите на Металург ги вложија сите сили за да го променат резултатот и да дојдат до толку посакуваната победа. Екипите се менуваа во водство, но Ла Риоха беше тимот кој на минута до крај ги имаше двата бода во џеп. Можеби така и си мислија, но наидоа на познатиот македонски инает, на момци кои не се предаваат до последната секунда. Никола Митревски, Ванчо Димовски и Наумче Мојсовски, изрежираа завршница на која би им завидувал и Хичкок. Најпрво, Митревски одбрани зицер, кој на гостите би им донел предност од два гола, а потоа Димовски го израмни резултатот, на 28:28. Ракометарите на Ла Риоха имаа 34 секунди за да го реализираат својот последен напад, но почетнички погрешија, а Наумче Мојсовски знаеше да ги казни со победнички гол на само три секунди до крајот.

Наумче Мојсовски го одигра својот најдобар натпревар во тековната сезона, со своите 11 постигнати гола. Веднаш зад него беше Ренато Вугринец, кој беше прецизен во десет наврати. Митревски одбрани 11 удари, плус еден седмерец.

Во последната секунда, црвен картон заработи Филип Талески, поради спречување на акцијата на противникот.

Металург – Натурхаус ла Риоха  29:28 (15:16)

Металург: Митревски (11 одбрани + седмерец), Мисовски, Димовски 1, Џукиќ, Георгиевски 1, Јоновски, Кукоски, Манасков 1, В.Маркоски, Н.Маркоски 1, Миркуловски 3, Мојсовски 11, Ојлески, Нелоски, Талески 1 и Вугринец 10.       Седмерци: 2/3.      Исклучувања: 6 минути.     Црвен картон: Филип Талески, во 60. минута.

Натурхаус ла Риоха: А.Агинагалде, Качеда Гонзалез, Ајлерт 2, Фернандез Перез 2, Гарабаја Аренас, Гарсија 7, Гомез, Гонкалвес 4, Хименез 1, Гарсија Рубио, Рокас, Родригез Алварез 5, Ромеро, Санчез Мигалон 3, Стенмалм 2 и Виго 2.      Седмерци: 2/3.      Исклучувања: 10 минути.

 

Прочитано 3.734 пати

(7) Коментари

  1. Зошто Талески доби црвен?

    • Ја спречи последната акција на Ла Риоха.

  2. E vaka go pamtime Metalurg!!! Bravo!!!

  3. Bravo momci! Mojsovski,Mirkulovski i Vugrinec se svetska klasa i za toa nema diskusija.Celata rabota kako ke ja izmenagirate do kraj ke bide interesno. Utakmicite protiv Zagreb i Brest doma se mnogu vazni da gi dobiete bez razlika dali ke se obezbedi prolaz u Top 16. Nelovski i Taleski treba da dobijat uste poveke minutaza vo napad koga ke se potrosi ,,inat silata’ na gore spomenatite! Samo napred Makedonci!

  4. Cestitki za Metalurg!
    Konecno! Se vide deka metalurg moze da pobeduva i samo so domasni igraci. Da imase uste nekoj stranec, ke bese samo malku polesno. Sepak kako i da e, bravo za Metalurg, vakov tim se saka i se bodri!
    P.S. Ne mi e jasno kako Filip Taleski dobi crven karton, koga dve sekundi prethodno bese na klupa???

  5. uf, fala bogu
    malku napnato, ama/ nekako iskreno i od strana na momcite od Metalurg
    sto i da ima vo pozadina/
    na tolku maka-
    zalno e da se izgubi magijata na polna sala,
    i na POBEDI, na heroi i slicni raboti/
    so vas sme, dragi decki)
    bravo Mojso, Renato, Mirkulovski, Vanco -i site – srca ste:)/ ako sakate:))))

Напишете коментар


+ 5 = 13