Коронавирусот ја одложи средбата меѓу Металург и Работнички

23.09.2020 22:39
DAR_8106_resize

Средбата од четвртото коло на македонската Суперлига, меѓу екипите на Металург и на Работнички, е одложена на неодредено време, откако тимот на Работнички пријави дури 15 ракометари позитивни на Ковид 19. Овој натпревар требаше да се игра утре во Автокоманда.

Сега се чека одлуката на РФМ, која во слична ситуација комплетно го суспендираше натпреварувањето во групата “А“.

Металург ќе продолжи со подготовките за реванш средбата со екипата на Криенс, која идниот вторник се игра во Цирих.

Прочитано 215 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 6