Костадин Петров се врати во Металург

12.06.2021 15:59
199105431_1183349338847715_2208132593308075921_n_resize

Костадин Петров (29 г.), кој игра на пикерската позиција, во следните две години ќе го носи дресот на Металург.

За Петров тоа значи враќање во Автокоманда, бидејќи за Металург настапувал во периодот од 2015 до 2018 години. По заминувањето од Металург, Петров по една сезона мина во битолски Пелистер, во шпанска Гвадалахара и во романската Сучеава.

Во Металург, Петров ќе ја дели минутажата со Милан Лазаревски и со Андреј Митиќ, и ќе претставува значаен адут во тимот на тренерот Иван Марковски.

Фото:

Прочитано 194 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 3 =