КРАЈ НА РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ НА СЕХА-ЛИГАТА. НОВИ СЛУЖБЕНИ БОДОВИ ЗА ТАТРАН ПРЕШОВ.

28.03.2013 22:52
125_1334318338

Заврши регуларниот дел во регионалното натпреварување. Заврши како што и почна – со службена победа на екипата на Татран од Прешов. Овојпат екипата на Извиѓач е тимот што не допатува во Прешов. До крајот на втората сезона во СЕХА-лигата остана да се одигра завршниот турнир, фајналфорот, кој ќе биде организиран во Скопје, на 12 и 14 април. Домаќин на турнирот е екипата на Вардар ПРО, а натпреварите ќе се играат во СЦ “Борис Трајковски“.

Познат е и распоредот на турнирот:

Полуфинале:

12.04.2013 г., 17 часот:   Загреб – Брест Мешков

12.04.2013 г., 19 часот:   Вардар – Металург

Натпревар за трето место:

14.04.2013 г., 17 часот.

Финале:

14.04.2013 г., 19 часот.

За време на завршниот турнир планирани се следните прес-конференции:

11.04.2013 г., 12 часот:  Хотел “Континентал“, уводна прес-конференција на претставници на сите финалисти (тренер, играч)
12.04.2013 г., прес-конференции по секој натпревар
13.04.2013 г.,  12.30 часот: Хотел “Холидеј Ин“, прес-конференција по собранието на СЕХА-лига.
14.04.2013 г., прес-конференции по секој натпревар

Водител на прес-центарот ќе биде Горан Антевски, спортски новинар на дневниот весник “Дневник“.

Прочитано 1.269 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 2