КРАЈ НА СЕХА СЕЗОНА. ИЗВЛЕЧЕНИ СЕ ПОЛУФИНАЛНИТЕ ПАРОВИ ОД ФАЈНАЛ ФОРОТ ВО СЕХА ЛИГА

04.04.2012 13:27
images_resize

Денес во Загреб се извлечени полуфиналните парови oд фајнал форот во првата сезона на СЕХА лига. Паровите ги извлече новинарот од “Вечерен лист“, Дамир Мрвец.

Еве го и распоредот:

Сабота, 14 април:

15.30 часот     Металург – Татран

18.00 часот     Вардар ПРО – Загреб

Недела, 15 април:

15.30 часот     Натпревар за трето место

18.00 часот     Финале

Сите натпревари од фајнал форот се играат во “Арена“ Загреб

Денешната ждрепка очигледно означува и крај на тековната сезона во СЕХА лига, нешто што веќе беше предложено па потоа повлечено и ставено во мирување. Имено, ако постои намера да се играат натпреварите до крај тогаш паровите мора да ги одреди крајниот пласман на првите 4 позиции при што првиот игра со четвртиот, вториот со третиот. Жрепката очигледно ги реши сите дилеми.

Интересно, Металург како учесник во натпреварувањето за самата ждрепка дозна од службената страница на СЕХА лига. Во текот на вчерашниот ден на службената страница на СЕХА лига излезе информација дека ќе има ждребување.

Прочитано 890 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 7