КУМАНОВО НЕМОЌНО ПРЕД ГОЛОТ НА МЕТАЛУРГ

18.05.2012 21:26
DSC_0212_resize

Зачудувачки лесна победа извојува Металург на полуфиналната средба против третата по квалитет екипа во македонскиот ракомет, Куманово. Имајќи ги за репер двете средби кои со истиот противник ги одигравме во последниот месец, очекувавме многу посилен отпор. Меѓутоа, одличната одбрана на Металург ги сопре сите противнички напади. Куманово се најде пред вистински “ѕид“ од кој не успеа да го види голот. Апсолутно несовладлив беше денес Никола Митревски кој со 25 одбрани (72 % од упатени удари) оствари рекорден резултат меѓу нашите голмани оваа сезона.

Се беше јасно уште во 16-тата минута кога Металург поведе со 9:0. Куманово својот прв гол го постигна во 17-тата минута, вториот во 24-тата и третиот во 28-та минута. И тоа е се во првото полувреме кое заврши со резултат 19:3.

Второто полувреме помина во рутинирана игра на Металург кој до крајот ја зголеми предноста до +23 гола, 33:10.

Марковиќ во првото и Георгиевски во второто полувреме ја изрешетаа противничката мрежа постигнувајќи по 6 гола.

РК Металург – РК Куманово   33:10  (19:3)

РК Металург: Митревски 25 одбрани, Станиќ, Левов 1, Димовски 4, Марковиќ 6, Наумовски 1, Георгиевски 6, Козлина, Манасков 2, Миркуловски, Маркоски, З.Мојсоски 5, Н.Мојсовски 3, Стоилов 2, Јоновски 2 и Алушовски 1.    Седмерци: 2/5.     Исклучувања: 4 минути.

РК Куманово: Ивановски, Спасиќ 1, Блажески 3, Димитриевски, Тасевски, Јанев, Ѓорѓески, Трајковски, Димитриевски, Б.Трајковски, Димковски 3, Георгиевски 1 и Ордев 2.         Седмерци: 0.      Исклучувања: 4 минути.

Судии: Колевски Ѓоко и Кркачев Сашо од Скопје.

Делегати: Металари Камер и Неделковски Неделко од Скопје.

                                ——————

Во првото полуфинале екипата на Вардар ПРО високо го совлада тимот на Пелистер 08 со резултат 42:17 (16:8).

Во финалната средба, која е на програма во недела во 17.30 часот, ќе се сретнат екипите Металург и Вардар ПРО. Средбата ќе ја судат битолските судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче. Делегати ќе бидат Начевски Драган и Камишевски Душко од Скопје.

Фотогалерија:

Прочитано 694 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − = 0