Топ Вести

Куп на Македонија: Познати се сите четврт-финалисти

28.02.2018 19:45
mak-rakomet-kup-vardar-metalurg-finale-14.05.2016-0449

По турнирите одиграни во изминатиот викенд, станаа познати сите четврт-финалисти во Купот на Македонија, кои понатаму, поделени во четири групи, ќе се борат за пласман на фајналфорот во националниот Куп.

Четврт-финалисти се: Металург, Вардар, Пелистер, Охрид, Еурофарм Работник, Тинекс Пролет, Радовиш, Прилеп, Борец, Металург 2, Вардар Јуниор, Бутел, Металург Јуниор, Струга, Вардар Неготино и Делчево Вардар.

Во четврт-финалето ќе се формираат четири групи со по четири екипи, од кои само победниците ќе се квалификуваат на завршниот турнир што ќе се игра на 19. и на 20 мај.

Натпреварите од четврт-финалето ќе се одиграат на 21. и на 22 април, а ждрепката за групите ќе се влече по завршувањето на регуларниот дел во Суперлигата.

Прочитано 556 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 5 =