Топ Вести

КУП НА МАКЕДОНИЈА: ПРОТИВ ФЕНИКС, МЕТАЛУРГ БРОЕШЕ ДО 53

18.04.2015 13:50
_DSC0005_resize

za tekst

Во Автокоманда се одигра осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија, меѓу екипите на Металург и битолски Феникс. Средбата помина како полесен тренинг за екипата на Лино Червар, а конечниот резултат е 53:14 (29:5).

Овој натпревар беше решен веќе во третата минута, кога поведовме со 4:0, а до крајот на првото полувреме Металург дојде и до 29 постигнати гола. Хаваријата на битолскиот состав продолжи и во вториот дел, лпј нашите ракометари го добија со резултат 24:9. Може да се каже дека Феникс и добро помина, бидејки ракометарите на Металург шестпати ја погодија стативата и не реализираа десетина зицери.

Огромното мнозинство од постигнатите голови беа резултат на брзи контранапади, па Бојан Маџовски постигна дури 16 гола, а Никола Костески неверојатни 21.

На оваа средба во тимот на Металург ги немаше Ојлески, Џукиќ, Стојановски, Војводиќ, Кукоски, Бувиниќ и Пешевски.

Металург – Феникс  53:14 (29:5)

Металург: Ефендиќ, Мисовски, Митревски, Голубовиќ 3, Бој.Маџовски 16, Костески 21, Манасков 1, Нелоски 5, Крстевски, Борј.Маџовски 1, Талески 5 и Вргоч 1.      Седмерци: 2/2.       Исклучувања: 2 минути.

Феникс: Ангеловски, Ѓорѓиоски, Митрески, Талевски 4, Маневски, Бошевски 2, Ристевски 4, Исијановски 3 и Тасески 1.      Седмерци: 1/2.       Исклучувања: 4 минути.

Судии: Филип и Даниел Ристовски од Велес.

Делегат: Петров Благој од Велес.

Прочитано 1.836 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 7