Квалификациите за ЕП 2022: Македонија во група со Данска, Швајцарија и со Финска

16.06.2020 21:37
1

Сениорската машка репрезентација на Македонија ќе игра во групата 7, против репрезентациите на Данска, Швајцарија и на Финска, во квалификациите за пласман на ЕП 2022, кое ќе се одржи во период од 13 до 30 јануари 2022 во Унгарија и во Словачка.

Во Виена се одржа извлекувањето за квалификациските групи. Македонија беше извлечена од вториот шешир во групата 7, заедно со селекциите на Данска, Швајцарија и на Финска. Пласман на ЕП ќе обезбедат првите две репрезентации од секоја групи, како и четирите најдобро рангирани репрезентации кои ќе завршат на третото место во своите групи.

.

Квалификациски групи за пласман на ЕП 2022:

Група 1: Франција, Србија, Белгија, Грција
Група 2: Германија, Австрија, Босна и Херцеговина, Естонија
Група 3: Чешка, Русија, Украина, Фарски Острови
Група 4: Исланд, Португалија, Литванија, Израел
Група 5: Данска, Холандија, Полска, Турција
Група 6: Норвешка, Белорусија, Летонија, Италија
Група 7: Данска, Македонија, Швајцарија, Финска
Група 8: Шведска, Црна Гора, Романија, Косово

Термини на одигрување на натпреварите:

1 коло: 04/05 ноември 2020
2 коло: 07/08 ноември 2020
3 коло: 10/11 март 2021*
4 коло: 13/14 март 2021*
5 коло: 28/29 април 2021*
6 коло: 02 мај 2021*

Прочитано 187 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 2 =