ЛЕСНА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ 2 ПРОТИВ ШТИПСКИ ТЕКСТИЛЕЦ

28.09.2014 14:26
63

za tekst

Металург 2 извојува лесна победа против штипски Текстилец, во средба која требаше да се одигра вчера, но беше одложена по барање на гостинскиот тим. Металург 2 победи со резултат 37:20 (18:13).

Од самиот почеток се виде дека има разлика во квалитетот на двете екипи, но во првиот дел гостите сепак се обидоа да пружат отпор. Сепак, до крајот на овој дел нашите ракометари обезбедија предност од пет гола, 18:13.

Во вториот дел конечно дојдоа до израз разликата во квалитетот и нашата подобра физичка подготвеност, па гостинскиот тим доживеа вистинска катастрофа. Металург 2 обезбеди висока и заслужена победа и запиша нови три бода на своето конто.

Металург 2 – Текстилец  37:20 (18:13)

Металург 2: Блажевски (15 одбрани), Даниловски (13 одбрани), Костески 5/6, Бој.Маџовски 6/8, Палевски 8/10, Матијашиќ 1/3, Велковски 4/6, Давитковски 5/8, Бешлиевски 2/2, Маркудов 1/1, Бошковски 0/1, Борј.Маџовски 2/3, Манасков 2/3, Крстевски 0/1 и Ставридис 1/1.       Седмерци: 5/6.     Исклучувања: 10 минути.

Текстилец: Јахијајов, Тодоров, Митков 2, Наков 2, Милески 1, Савев 2, Пешовски 7, Д.Јовановски 4, И.Јовановски 1, Станков, Попов 1, Бошковски и Данев.      Седмерци: 4/4.      Исклучувања: 6 минути.

Судии: Локвенец Златко и Атанасовски Александар од Скопје.

Делегат: Камишески Душко од Скопје.

Прочитано 669 пати

(1) Коментар

  1. Браво, конечно една утакмица на ниво, со добра реализација и мал број технички грешки. Единствено ме загрижува играта на Горан Крстески веќе подолго време – всушност од повредата наваму. Има изгубено многу на самодоверба, можеби во него има сеуште и страв од повторна повреда. Во секој случај, треба малку повеќе да му се посвети внимание и на психолошки план.

Напишете коментар


− 5 = 1