ЛЕСНА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

11.12.2013 22:32
DSC_0596_resize

rk-metlurg-logo_final_resize

Металург Јуниор извојува  убедлива победа над екипата на Куманово во натпреварот што вечерва се одигра во салата “Автокоманда“.

Почетокот ветуваше жестока пресметка. Екипата на Куманово петнаесетина минути беше во постојано водство, најмногу со два гола разлика, 5:7 во 12 минута. Така беше се до 16. минута кога Јуниор, со серија од 4:0, го најави пресвртот. Најголема предност во првото полувреме имавме во 24. минута, при резултат 15:10. Првиот дел заврши со резултат 17:13.

Второто полувреме почна со гол на противникот (Димовски), а потоа следуваше убиствена серија на Јуниор од 6:0, 23:14. Костески во 44. минута првпат ни носи двоцифрена предност, 26:16, а најголема разлика имавме во 58 минута, + 11 (36:25). Натпреварот заврши со резултат 37:27.

Костески од Металург Јуниор и Трајковски од екипата на Куманово беа најдобри стрелци, со по седум постигнати гола.

Металург Јуниор – Куманово  37:27 (17:13)

Металург Јуниор: Кимевски (7 одбрани), Ивановски (4 одбрани), Блажевски (2 одбрани), Бошковски 2, Пешевски 3, Маџовски 6, Костески 7, И.Крстевски 2, Манасков 4, Ставридис 1, Талески 4, Давитковски 1, Матијашиќ 2, Г.Крстевски 3 и Палевски 3.      Седмерци: 5/7.           Исклучувања: 2 минути.

Куманово: Арсовски, Спасиќ 3, Трајчевски 3, Миладиновски, Тасевски 4, Димовски 21, Кузмановски 1, Трајковски 7, Несторовски, Ристиќ, Димковски 5, Петковски 3 и Јордановски.        Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Начевски Марјан од Скопје.

Прочитано 943 пати

(1) Коментар

  1. Bravo junior se nadevam deka naprolet kompletni so povredenite Madzovski, Neloski, Velkovski ke stignete do 4-to mesto

Напишете коментар


8 + 5 =