Лесна победа на Металург против екипата на Тиквеш

15.02.2020 20:21
DAR_3935_resize_resize

Во пријателски натпревар меѓу најдобрата екипа во Суперлигата и најдобриот прволигаш, очекувано славеше тимот на Металург, кој го победи Тиквеш, со резултат 40:27 (17:15).

За да биде порамноправен натпреварот, тренерот Кастратовиќ вечерва излезе со комбиниран тим, едната половина од ракометарите беа од Металург, а другата половина од Металург 2. Од првиот тим на Металург во игра не влегоа голманите Дупјачанец и Ѓорѓески, крилата Поповиќ и Чантурија, пикерот Арсеновски и бековите Маркоски, Пецаковски, Јагуриноски, Танкоски и Додиќ, односно безмалку целиот прв тим.

Металург, како што и се очекуваше имаше предност во текот на сите 60 минути. Но, во првиот дел разликата не ја помина границата од пет гола, а ова полувреме заврши со резултат 17:15.

Во второто полувреме Металург значително го засили темпото и разликата набрзо стана и двоцифрена. Конешните -+13 се највисока предност што Металург ја имаше на средбата.

Металург – Тиквеш  40:27 (17:15)

Прочитано 372 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 4 =