Лесна победа на Металург против гостинот од Врање

08.02.2020 22:40
DAR_3475_resize_resize

Во Автокоманда денеска се одигра меѓународна пријателска средба меѓу екипите на Металург и српскиот прволигаш Врање 1957.

Средбата мина во целосна доминација на Металург, кој од самиот почеток почна со полнење на противничката мрежа. Веќе во 9. минута имавме предност од 8 гола, 10:2. До крајот на првиот дел разликата достигна и до 11 гола.

Во второто полувреме продолжи офанзивата на Металург, кој пр крајот имаше и максимална позитива од 21 гол. Се чини дека Металург можеше да дојде и до многу повисока предност, но многу наши акции завршија без погодок, во обид да се постигне ефектен гол.

Конечниот резултат е 47:29.

Ова беше трет пријателски натпревар на Металург по враќањето од Франција. Забележавме пораз од Вардар и победи против КЛ7 и Врање.

.

РК Металург – РК Врање 1957  47:29 (24:13)

РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Арсеновски 3, Кондев 4, Јагуриноски 2, Поповиќ 13, Пецаковски 1, Шилегов 9, Танкоски 3, Мариќ 2, Серафимов, Лазаревски, Младеновиќ 4, Чантурија 1, Кбилашвили 1. Додиќ 3 и Маркоски 1.   Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 8 минути.

РК Врање 1957: Брети, Анџелковиќ, Јовановиќ, Барјактаревиќ 3, Стефановиќ, Станојковиќ 3, Павловиќ 7, Чоловиќ 6, Ритиќ, Димитријевиќ 7, Настиќ, Костиќ 1, Стаменковиќ 2 и Бошковиќ.   Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Колевски Ѓоко и Кркачев Сашо од Скопје

Прочитано 525 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 5