Лесна победа на Металург во Богданци

25.11.2020 22:58
DAR_9364_resize_resize

По подолга пауза, Металург вечерва одигра натпревар во домашното првенство. Во рамките на петтото коло во Богданци се одигра одложената средба меѓу екипите на Младост и на Металург. Без поголем напор, славеа нашите ракометари кои противникот го совладаа со убедливи 23:34 (9:17).

Иако настапи без голем дел од својот прв состав, Металург немаше посериозни проблеми на оваа средба. Почетокот резултатски изгледаше рамноправен, но причина за тоа беа неколку чисти зицери што не ги реализираа нашите ракометари. Сепак, многу брзо ракометарите на Металург го фатија потребниот ритам и до крајот на првото полувреме создадоа предност од 8 гола, 9:17.

Вториот дел Металург го одигра рутински и со минимум потрошени сили стигнавме до конечните 23:34.

Веќе утре ќе имаме многу посериозна задача, бидејќи ќе и гостуваме на екипата на Бутел. И овде се работи за одложен натпревар, но од седмото коло.

.

Младост Богданци – Металург  23:34 (9:17)

Младост Богданци: Пешков, С.Михајловиќ 4, Пеев, Динов 3, Наумовски 1, Паунков, Роглев, М.Михајловиќ, Стојчевски, Лупашко 4, Стоилов, Каркалашев 2, Фиданов 1, Николоски 6, Чрчев 1 и Димитров 1.      Седерци:           Исклучувања: о минути.

Металург: Ѓорѓески, Дупјачанец, Кондев 3, Петковски 3, Кофилоски 4, Шилегов 6, Хорват 1, Серафимов 4, Лазаревски 5, Младеновиќ 2, Тодески 3, Митиќ 2, Додиќ 1 и Маркоски.     Седмерци:         Исклучувања: 10 минути.

Судии: Ангелески Горан и Седлоски Рубинчо.

Делегат: Камер Металари.

Прочитано 176 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 5