Топ Вести

Лесна победа на Металург во Охрид

12.05.2018 22:15
3_resize

Во седмото плејоф коло, Металург и гостуваше на екипата на Охрид, која ја совлада со убедливи 28:36 (12:19).

До новите три бода, со кои се вративме на второто место на табелата, дојдовме многу полесно од очекуваното, бидејќи игравме сигурно во текот на целата средба и водевме во сите 60 минути од овој натпревар.

Металург од самиот почеток ја најави својата победа и средбата ја стартуваше со серија од 3:0. Минаа 6 минути пред екипата на Охрид да го постигне својот прв гол. И денеска сигурниот Томовски беше непремостлива пречка за напаѓачите на домашниот тим, кои во нападот тешко се снаоѓаа против цврстата одбрана на Металург. Првото полувреме го завршивме со предност од 7 гола, 12:19.

Во второто полувреме нашата предност се зголеми на денеска максималните десет гола, што му даде можност на Александар Јовиќ да ја одмори својата прва постава и средбата да ја заврши со вториот тим.

Се на се, сигурна победа на Металург, кој во следното коло ќе има многу посериозен противник, тимот на Еурофарм Работник. Ова ќе биде веројатно нашата најважна средба во тековната сезона во првенството на Македонија, бидејќи со победа автоматски стануваме вицешампиони на Македонија, без разлика од резултатите во последните две кола.

.

РК Охрид – РК Металург  28:36 (12:19)

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

РК Охрид: Трајкоски, Колев, Ѓорѓиевски, Андоноски 4, Ивановски, Младеновски 5, Блажески 6, Костов 1, Спасовски, Јанчев 2, Тасески 3, Кобетиќ 3, Андоновски 1, Димитриески, Димитријески 3.   Седмерци: 3/4.  Исклучувања: 4 мин.

РК Металург: Томовски (13 одбрани), Даниловски, Маџовски 2, Јагањац 8, Димитриоски 6, Токиќ 2, Шилегов 1, Серафимов, Кузмановски 4, Илиќ, Велковски 3, Пешевски 1, Гуглета 3, Матијашиќ 1, Лазаревски, Арсеновски 5.   Седмерци: 2/2.  Исклучувања: 2 мин.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 97 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 5