Топ Вести

ЛЕСНА ПОБЕДА НА МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ

21.03.2015 16:39
_DSC0082_resize

za tekst

Средбата меѓу младинците на Металург и на Тинекс Пролет требаше да биде дерби на колото, особено што минатата наша средба заврши со минимална победа на Металург, 18:16. Меѓутоа, денешниот натпревар мина во јасна доминација на нашите младинци, кои водеа во текот на сите 60 минути.

Поведовме со 3:0, а на средина од полувремето имавме предност и од три гола, 5:2. Вториот дел од првото полувреме го одигравме маестрално. Одлични во одбраната, прецизни во нападот, нашите ракометари целосно го надиграа противникот и на одмор заминавме со позитива од дури осум гола, 15:7.

Во ист стил одигравме и во продолжението, па во 48. минута имавме највисоки +11, 23:12. Кога се очекуваше дека гостинскиот состав ќе доживее вистинска катастрофа, нашите ракометари, успиени од сознанието дека победата е сигурна, одиграа лоши десетина минути и му дозволија на противникот да направи серија од 7:3 и да го добие второто полувреме, со резултат 12:10.

За одбележување е нашата игра со играч помалку. Во четири наврати бевме во таква ситуација и постигнавме вкупно шест гола.

Металург – Пролет 62  25:19 (15:7)

Металург: Блажевски (7 одбрани + седмерец), Петковски (3 одбрани + седмерец), Доневски, Реџиќ 1, Шулевски, Стојковски 2, Здравковски 2, Димитриоски 9, Илиевски 2, Стојменов, Шилегов 4, Лембанов, Танкоски 4, Смилевски, Митревски и Лазаревски 1.      Седмерци: 5/5.       Исклучувања: 8 минути.

Пролет 62: Џонов 3, Наумовски, Левковски, Огњановски 1, Николовски 3, Владимиров, Гочевски, Аларов 2, Дамчевски 4, Кристов, Никодиновски 1, Лазаров и Љубевски 4.      Седмерци: 1/4.       Исклучувања: 6 минути.

Судии: Андонов Виктор и Јовановски Стојанче од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 730 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 3