ЛЕСНИ БОДОВИ ЗА РК МЕТАЛУРГ

22.09.2012 19:29
metalurg-borec3-banskoliev_resize

Денеска Металург го одигра својот прв сезонски натпревар од СЕХА-лигата. РК Борац од Бања Лука, второпласираната екипа од првенството на БиХ, е екипата против која ги освоивме првите два бода.

Натпреварот помина во доминација на нашиот шампион. Некаков отпор почувствувавме во првите десетина минути, сѐ до резултатот 3:3. Потоа нашите ракометари тргнаа порешително на противничкиот гол, па во 19-та минута беше 8:4, а во 25-та и 14:6. Борац се обиде со серија од 3:0 да го нападне нашиот резултат, но на крајот на полувремето семафорот покажа резултат 17:10.

Во второто полувреме достигнавме +9 во 36-та минута (20:11), +10 во 53-та минута (27:17) и +12 во 59-та минута (30:18). На крајот остваривме победа со резултат 31:19.

Во нашите редови стандардно добар беше Наумче Мојсовски, со 8 постигнати гола. За обележување е долгоочекуваниот деби-настап на Младен Ракчевиќ, кој настапи по шест месеци пауза и постигна 4 гола. Фантастична партија имаше нашиот Никола Митревски, кој одбрани 15 удари и еден седмерец.

388809_363911350351519_122740359_n

РК Металург – РК Борац 31:19 (17:10)

РК Металург: Митревски (15 одбрани + 1 пенал), Станиќ, Ракчевиќ 4, Левов 2, Димовски 1, Георгиевски 1, Козлина 2, Манасков 3, Миркуловски, Маркоски 2, З.Мојсоски 1, Додер 2, Н.Мојсовски 8, Батиновиќ 3, Јоновски и Алушовски 2. Седмерци: 2/3. Исклучувања: 8 минути.

РК Борац: Вранеш, Јанковиќ, Градзан 4, Херцеговац, Тешиќ, Црногаца 1, Љубишиќ, Микиќ 5, Мандиќ 3, Хаселјиќ, Обрадовиќ 3, Делиќ 1, Тривунџа 2 и Целиќ.       Седмерци: 0/1.      Исклучувања: 0 минути.

Судии: Иван Павичевиќ и Милош Ражњатовиќ од Србија.

Делегат: Начевски Драган од Скопје.

Фотогалерија:

Прочитано 714 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 6