ЛЕСНОТИЈА ВО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕТО. ЗА ЖАЛ,СТАНИЌ СЕ УШТЕ E РАКОМЕТАР НА ГЕПИНГЕН

12.05.2012 01:50
DSC_0214_resize

Металург како клуб ја чуствува и ја сфаќа желбата на нашата јавност да се задржи голман и човек од калибарот на Дарко Станиќ. Истата желба ја делиме и ние. Меѓутоа, загрижува фактот што некој од тоа сака да профитира на штета на Металург и си поигрува со чуствата на илјадници наши фанови. Дали се работи за желба да се стекне одреден број нови читатели или пак се работи за нешто од лична природа, не знаеме, но новинарот на Дневник, Горан Антевски, излезе со статија чиј наслов е – “Станиќ останува во Автокоманда“, во која наведува дека српскиот интернационалец за отштета од 200.000 Евра останува уште две години во Металург.

Кога веста би била вистинита ние со задоволство би ја објавиле и самите, меѓутоа, овде се работи за целосна дезинформација која веројатно ќе разжалости голем број наши симпатизери и фанови на Станиќ. Ниту преговараме за рок од две години ниту сме спремни да платиме 200.000 Евра. Не спориме околу правото на секој медиум да објавува свои информации, но во овој случај, намерно или ненамерно, се работи за чиста дезинформација која ќе ги погоди чуствата на многу луѓе.

Вистината е следна.

Металург подолго време макотрпно преговара околу трансферот на Дарко Станиќ. Секако дека ќе платиме извесна отштета, но таа е неколку пати помала од споменатата сума. И токму тука и во овој чуствителен момент кога преговорите најпосле тргнаа во позитивна насока, еден македонски медиум и еден македонски новинар со спомнување на произволни рокови и превисоки суми можат да им наштетат на интересите на Металург, македонскиот ракометен шампион.

На крај, ги советуваме сите на кои им значи нашиот клуб во иднина информациите од овој тип да ги бараат таму каде е тоа природно, на официјалниот сајт на Металург. Ве уверуваме дека никој нема да ја има информацијата за судбината на Станиќ пред нашиот сајт, апсолутно никој. Знаејки ја нестрпливоста на нашата јавност врзана токму за случајот на Дарко Станиќ, Ве уверуваме дека ќе ја објавиме веста во ист оној момент кога ќе се знае крајниот исход.

                                                  РК Металург

Фото:

Прочитано 2.102 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 4 =