ЛЕТЕН КАМП НА МЕТАЛУРГ 2012

21.06.2012 17:17
IMG_2181

Традиционалниот летен ракометен камп на Металург е во полн ек. Сместени во прекрасниот хотел “Бетон“, 76 наши млади ракометари и ракометарки се дружат со ракометот и езерото. Летна авантура која за секогаш ќе остане во меморијата на нашите деца. Ракомет, плажа, забава, другарување…тоа е неодолив микс кој не остава никого рамнодушен.

26 девојчиња и 50 момчиња предводени од своите тренери Никола Матлиевски, Слободан Чивлачки, Јуле Црвенкоска и Силвана Миленковиќ, под будното око на докторката Александра Стојановска, престојуваат на брегот на прекрасното Охридско езеро. Допатуваа на 18 јуни и ќе останат до 24. Децата се сместени во удобни три- и четирикреветни хотелски соби.

Еве како изгледа еден ден од нашиот летен камп:

         07.00  Будење

         07.30  Доручек

08.15-10.00  Тренинг

11.00-13.00  Плажа

         13.45  Ручек

14.30-17.00  Задолжителен одмор

17.45-20.00  Тренинг

         21.00  Вечера

         23.00  Повечерие

Што се однесува на тренинзите, децата се поделени во четири групи и по систем на ротација тренираат со секој наш тренер по половина час.

Што се однесува на забавата, децата најмалку еднаш (понекогаш и два пати) одат на плажа. Во слободно време се дружат, играат разни игри…Во сабота е планирано гала дружење.

Во недела децата ќе се вратат во Скопје.

Прочитано 653 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 13