Летниот камп на Металург оаза на спортот, забавата и играта

17.06.2016 19:18
13461234_101941900236257_547800735_o

Најстариот ракометен камп во Македонија и оваа година е оаза на спортот, забавата и играта. Над 200 деца, само во првата смена, го исполнија преубавиот хотел Бетон, а детскиот џагор надалеку се слуша.

Наредните седум дена ќе создадат ризница на спомени, ќе создадат нови другарства, но и ќе бидат запамтени по напорната работа, по двата тренинга на ден и по реката пот што ќе се пролее за да се стане подобар ракометар, подобар спортист, вистински член на семејството Металург.

Првата смена ги спои нашите школи од Скопје, предводени од Тања Димитриоска и Силвана Миленковиќ, како и школите од Македонска Каменица (Мирјана Гошевска), Кочани (Димитар Филипов), Кратово (Кристина Младеновска), Виница (Тодорче Николов) и Кавадарци (Кире Василев).

Заедно со нив се и нашите селекции од генерација 2002/3, машка и женска, предводени од Александар Јовиќ и од Даниела Тасеска.

“Спорт и забава“ е мотото на нашиот летен камп, а илјадници задоволни деца, кои во изминатите 11 сезони минаа низ него, се гаранција дека и ова издание ќе мине во незаборавна атмосфера.

 

Прочитано 890 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 2 =